Сипсанието за мажи Maxim Australia трета година по ред ја прогласи глумицата Марго Роби за најубава жена во светот. Ова списание секоја година објавува листа од 100 жени од Австралија кои тие ги сметаат за најубави и најуспешни во светот на забавата, спортот и поп културата.
На официјалната страна на списанието е објавена листата која ја направиле одговорните во магазинот според критериумите кој најмногу ги инпресионирал, бил на некоја насловна страна на некое реномирано спиасние или пак имал добра година.
На првото место е Роби, која во последните неколку месеци беше брилијантна во глумечката кариера, а сега се најде по трет пат на првото место со што стана рекордер.
Веднаш зад неа е светската тенисерка Ешли Барти, која оваа година објави дека повеќе нема да се занимава професионално со тенис. Уште некои од познатите имиња кои се најдоа на овој список се пејачката Кајли Миног и глумицата Ребел Вилсон.
Она што е чудно за публиката е што на листата се најде и Даниел Лејдли, која во 2020 година го промени полот. Пред операцијата професионално играше австралиски фудбал, а едно време беше и тренер.