Фенербахче преговара со Ал Ахли да го откупи договорот на Алиоски

Турскиот гигант Фенербахче почна преговори со Ал Ахли за во јануари целосно да го откупи договорот на Џани Алиоски. Ова се случува само три месеци откако македонскиот репрезентативец дојде во Турција од саудискиот тим.

Локалните медиуми објавија дека Фенербахче ги почнал преговорите за да го задржат Алиоски и да потпишат долгорочен договор со левиот бек. Џани досега сезонава има еден гол и една асистенција во 12 натпревари.

Алиоски летово дојде во Истанбул на едногодишен заем откако Ал Ахли испадна од првата лига во Саудиска Арабија. Претходно четири години играше во англиски Лидс.

Scroll to Top