Ник Канон ќе го добие 12 дете, бремена уште една од неговите бивши

Водителот Ник Канон ќе го добие 12 дете. Медиумите објавија дека една од неговите бивши, Алиша Скот, повторно е бремена. Пред месец дена го доби десеттото дете со Британи Бел, а единаесеттото го чека со неговата втора партнерка Аби Де Ла Роса која во моментов исто така е бремена.

Семејна ситуација му е комплицирана поради големиот број партнерки кои ги имал во исто време. Прво пчна да излегува со пејачката Мараја Кери. Се венчаа во 2008 година, а во 2011 ги добија близнаците Монро и Морокан. Се разделија во 2016 година, но останаа во добри односи заради децата.

Година дена по разводот Ник доби уште едно дете, со Британи Бел, со која подоцна ги доби ќерката Паверфул Квин и синот Рајс Месиа.

Во 2021 со Аби Де Ла Роса доби близнаци Зион и Зилион. Претходно годинава објави дека го чекаат и третото дете. Истата година го доби синот Зен со Алиша Скот. Зен го загуби на 5 години зарди тумор на мозокот. Алиса сега повторно е бремена.

Scroll to Top