(Видео) Активист проба да си ја залепи главата на сликата „Девојката со бисерна обетка“

Активист за климатски промени проба да си ја залепи главата за познатата слика „Девојката со бисерна обетка“ во музејот во Хаг, но ремек-делото не е оштетено, соопштија вработените во музејот.

Друг активист ја залепил раката со селотејп за ѕидот до слика на холандскиот мајстор Јоханес Вермер од 1665 година и фрлил непозната супстанца врз неа, објави музејот Мауритшуис.

На видеото на социјалните мрежи се гледаат двајца мажи покрај познатиот портрет, облечени во маици на кои пишува „Запрете ја нафтата“.

„Полицијата доби дојава и фати три лица. Состојбата на сликата ја анализира нашиот реставратор. За среќа, ремек-делото е заштитено со стакло и не е оштетено”, велат од музејот.

 

Scroll to Top