Српскиот актер Милан Мариќ вели дека добро се чувствува што е миленик на женската публика, и дека тоа е убава последица на неговата професија, вели актерот за хрватскиот магазин „Глорија“.
Мариќ ретко зборува за приватниот живот, иако неодамна имаше шпекулации дека е во врска со ќерката на Драган Бјелогрлиќ, Миа, Милан. Но во интервјуто ниту потврди ниту демантираше за врската.
Тој зборува како тој се справува кога ќе раскине со девојка.
„Во очите се гледа сѐ, па убавите жени ме вадат од колосек. Сакам силни, самосвесни жени со став, кои се подготвени да се изборат за себе. Сум добил корпа и сум давал, и тоа е за луѓе. Секое раскинување е тешко затоа што означува прекинување на односите во кои сме вложиле енергија, време и голем дел од себе, но истовремено може да ве растовари и да ве ослободи ако односот се претвори во измачување“, изјавил актерот.
На прашањето дали за 10 години се гледа себеси како оженет човек со семејство и деца, Милан вели „Тој миг секако доаѓа, а кога ќе биде ќе видиме. Забележав дека во последно време ми се нудат исклучиво улоги на татковци со деца, така што тоа го толкувам како некој вид прикриена порака“, раскажува актерот.
Тој отворено проговорил и за тоа дека покрај големиот број обврски, нема премногу време за вежбање, но како што вели редовно наоѓа време за да оди на психолог и на терапија.
„Во ова претерано брзо животно темпо терапијата ми е неопходна за да се разберам себеси и светот во кој живеам. Зборувам за тоа затоа што кај нас луѓето што одат на терапија се сѐ уште стигматизирани, а дел од јавноста нѐ смета за лудаци што не можат да се изборат со животот, но тоа не е така. Имам свој терапевт веќе 6 години и тоа според мене е најдобрата инвестиција. Затоа што за време на терапијата се соочив со своите стравови, трауми и фрустрации, ги анализирав и на крај се ослободив од нив“, изјавил Милан.