(Видео) Жена била клинички мртва 11 минути и раскажа што сè видела додека лекарите се обидувале да ја оживеат

Американската Шарлот Холмс е жената која 11 минути била клинички мртва. Таа го раскажа своето искуство за животот по смртта и што сè видела таму.

Експертите велат дека лицата кои ќе доживеат клиничка смрт имаат различни искуста и сосема поинаку ги опишуваат ваквите состојби. Некои велат дека им се појавиле најблиските и како ги повикуваат назад да се вратат во живот, додека други велат дека не виделе ништо.

Холмс доживеала мозочен удар, а по три дена целиот систем ѝ се исклучил. Срцето престанало да ѝ работи и практично била мртва. Цели 11 минути лекарите се обидувале да ја оживат.

„Бев надвор од моето тело. Можев да видам како ми го масираат срцето и како се обидуваат да ме оживеат. Ги видов сопругот и медицинските сестри кои беа околу мене. А потоа слушнав музика. Кога ги отворив очите знаев каде сум. Знаев дека сум во рајот“, раскажа Холмс во видеото кое го објави на каналот The 700 Club.

Според неа местото било прекрасно. Слушнала и анѓели како и пејат преубави песни, а како и многу други кои доживеале слично искуство и Шарлот видела некои од нејзините драги лица кои починале многу години претходно. Ги видела и нејзините родители.

Рече дека со нив бил и еден нејзин роднина на кого му била ампутирана ногата. Во визијата стоел покрај златна врата со двете нозе кои му биле здрави. Имало и маж кого не можела да го препознае. Тогаш го слушнала Господ кој ѝ рекол дека тоа е бебето кое со сопругот го изгубиле 40 години претходно.

„Гледав само убавина околу мене. Можев да видам дрва и трева. Имаше и музика и сите на небото му се поклонуваа на Господ. Не можам да ви пренесам како изгледаше небото, затоа што беше нешто што не може да се замисли. Имаше прекрасен, најубав мирис, нешто што никогаш претходно го немав почувствувано“, рече Шарлот и дополни дека небото било многу поубаво од она што може да се замисли.

Дополни дека идејата која ја имала за рајот, за луѓе кои шетаат во бела облека, спокојни и насмеани, всушност е само делумно вистинита. Рече дека тоа е нешто што не го очекувала да го види. Била опкружена со луѓе кои носеле обична облека.

„Оние кои ги видов беа во обична облека. Има места на небото каде има луѓе во фустани, веројатно некакво повисоко царство, уште посвето место. Беше многу огромно. Видов многу работи за многу краток временски период иако всушност бев пред портите, не поминав покрај нив“, рече Шарлот.

Покрај рајот и убавите работи, Шарлот рече дека го видела и пеколот, како и луѓето кои биле во ного. Сликата ја изненадила, затоа што не очекувала дека ќе види некои од луѓето за кои верувала се добри.

„Си реков дека ова не е возможно. Тогаш Исус ми рече дека е и дека ќе остане така ако не се промени начинот на живот засекогаш. Мислам дека сакаше да им пренесам на луѓето дека не можеме да бидеме неодлучни, дека не можеме со едната нога да бидеме во овој свет на гревот, а потоа да заминеме на небото. Слушнав како татко ми ми вели дека имам време да се вратам и да го споделам ова со сите на Земјата“, рече Шарлот.

Додаде дека длабоко верува дека живееме во некаков вид на духовна војна во која се обидуваме да ги сочуваме вистинските вредности, добрината, чистотата на душата и да се спротиставиме на злото кое не опкружува, за да, по смртта го добиеме местото кое го заслсужуваме.

.

Scroll to Top