Новиот сопственик на „Твитер“, Илон Маск, најави дека планира верификуваните профили на платформата да ги наплаќа. Иако за ова се зборува веќе некое време, Маск потврди дека корисниците на овие профили ќе плаќаат по 8 долари месечно. Во спротивно ќе им биде тргнат синиот знак за потврда дека се автентични.
„Сегашниот систем на господари и сељаци за оние кои имаат или се без синиот знак е срање. Сила за луѓето Сината за 8 долари месечно“, твитна Маск, додавајќи дека цената ќе се приспособи на земјите според куповната моќ.
Маск исто така наброја и неколку други карактеристики кои претплатниците ќе ги добијат, како што е приоритет во добивањето одговори, споменувањето или пребарувањето, за кои рече дека се од суштинско значење за да се победат непосакуваните спамови и измами.
Овие претплатници исто така ќе добијат можност да постават долги видеа и аудио снимки, да им се појавуваат само двојно помалку огласи од претходно и да добијат можност да го заобиколат ѕидовите за плаќање од издавачите кои се подготвени да соработуваат со „Твитер“.
Додаде и дека приходите од собраните средства, ќе ги дава како награда за креаторите на содржината, пренесе „Спутник“.