Кинез освоил 219 милиони јуани, или околу 30 милиони долари на лото, но не им кажал на сопругата и детето затоа што не сакал да станам мрзеливи. Во канцеларијата на лотаријата дошол облечен во жолта маскота, што е вообичаена пракса меѓу кинеските добитници кои се обидуваат да го сокријат идентитетот од јавноста.
Добивката ја освоил на 24 октомври, а се идентификувал само како Ли кој доаѓа од Нанинг во областа Гуанси, пренесе South China morning post.
„Не им кажав на сопругата и детето од страв за во иднина не станат мрзеливи и да не сакаат да работат напорно“, рече милионерот и додаде дека и во минатото имал освоено неколку пати, ама помали износи.
„Лотаријата ја сметам за еден вид на хоби. Не ги трошам парите, туку ми служат како трошка надеж“, рече Ли.
Мистериозниот добитник веќе донирал 5 милиони јуани, односно околу 688.000 долари во добротворни организации, но не е сигурен што ќе прави со остатокот од парите.