Пејачката Селена Гомез во документаредцот My Mind & Me, кој ќе излезе утре, зборуваше за тешкиот период од животот во раните деведесите, кога како што вели немала контрола над емоциите и била во тешка депресија. Посетила четири центри за лечење и целосно била изолирана од светот.
„Немам што кријам, бев во четири центри за лечење. Во раните дваесетти почна мрачниот период во мојот живот, кога повеќе не можев да ги контролирам емоциите. Тогаш почна мојата депресија, поради која целосно се изолирав“, рече Гомез, која зборуваше и за борбата со биполарното пореметување.
Имало моменти кога немала сила да стане и од кревет. Не сакала со никој да разговара, а пријателите кои ја посетувале и носеле само храна, но не знаеле што навистина се случува со неа.
„Понекогаш со недели останав во кревет. Никогаш не се обидов да се самоубијам, но имаше денови кога размислував за тоа. Мислев дека светот ќе биде подобро место без мене“, рече Селена. Престојувала во установа за ментално здравје каде лекарите ѝ ги менувале лековите со надеж дека ќе ѝ помогнат.
По некое време одлучила да ја напушти болницата и да посети психијатар кој ја тргнал од речиси сите лекови. Тогаш почнала со детоксикација.