Горан Бреговиќ ја откажа турнејата поради несреќата со мотор

Музичарот Горан Бреговиќ доживеал несреќа додека возел веспа среде Париз. Тој го поврдедил рамото, а неговата рака му  била имобилизирана, па поради тоа морал да ги откаже концертите во Мексико, кои требаше да ги одржи на 26, 29 и 30 октомври, пишува Нова.

Со слична повреда Бреговиќ беше и во 2008 година, кога падна од скала берејќи цреши во дворот од својата куќа во Сењак.

Неговите помошници повикале брза помош и бил однесен во Ургентниот центар во Белград.

Тој беше на операција бидејќи имаше скршен пршлен.





		
		
			
Scroll to Top