Уште едно дете е на пат за Ник Кенон, единаесетто, откако Алиса Скот во четвртокот откри дека тој е татко на бебето што го очекува.
Таблоидите потсетуваат дека заедно со ова бебе, и она што го очекува неговата бивша партнерка Аби Делароса, Ник ќе има вкупно дванаесет деца.
42-годишниот комичар и водител на ток-шоу ја потврди веста заедно со разголена фотосесија со Алиса (29), која стои над него во када.Ник исто така во моментот очекува дете со својата поранешна девојка Аби Делароса, која во јуни се пошегува со фановите дека можеби ќе има уште едни близнаци, со што вкупниот број деца ќе изнесува 12.






