Американската пејачка и глумица Селена Гомез во новиот документарец My Mind & Me откри за врската со Џастин Бибер и дека раскинувањето ѝ било нешто најдобро што ѝ се случило во животот.
Селена призна дека и било исклучително тешко да ја прекине врската по осум години пред јавноста.
„Се чувствував прогонето од минатата врска која никој не сакаше да ја напушти, но тогаш едноставено преминав преку неа. Не се плашев повеќе“, призна пејчаката, која дополни дека се чувствува како да морала да мине низ најлошото сценарио на скршено срце и за момент да заборави на сè.
„Беше тоа збунувачки за мене, но едноставено мислам дека мораше да се случи на крајот. Тоа беше најдобрата работа која ми се случи“, призна Селена.
За потсетување, Џастин и Селена беа во врска од 2011 година а повеќе пати прекинуваа и се смируваа до 2018 година. Поранешната ѕвезда на „Дизни“ во една прилика откри дека имала мал круг на блиски пријатели, а како една од малкуте вистински на спомена и Тејлор Свифт.
„Никогаш не се вклопував меѓу популарните девојки. Секогаш се чувствував како да не припаѓам таму. Мојата единствена холивудска пријателка беше Тејлор Свифт“, рече пејачката.