Кралот Чарлс и неговиот син принцот Вилијам, го пцуеле поранешниот американски претседател Доналд Трамп, по коментарите кој тој ги дал за војвотката Кејт Мидлтон. Ова го пишал писателот и новинар Кристофер Андерсен од САД во биографијата The King: The Life of Charls III, а извор му е вработен во кралското семејство.
„Кејт Мидлтон е сјајна, но не треба да се сонча гола. За тоа треба самата да си се криви“, рече еднаш Трамп за Кејт Мидлтон и објави на „Твитер“.
За потсетување, голите фотографии од принцезата Кејт, беа направени додека била на одмор во Франција. Таа била снимена со Вилијам на еден приватен имот во топлес. Фотографиите предизвикаа голем скандал откако ги објави францускиот таблоид Closer.
„Кој не би се сликал со Кејт и заработил многу пари ако таа се сонча гола? Ајде, кејт“, рече Трамп тогаш.