(Видео) Џесика Симпсон ги загрижи фановите, во новата реклама изгледа болно и едвај збори

Пејачката Џесика Симпсон ги загрижи фановите за нејзиното здравје. Во новата реклама за Pottery Barn таа изгледа болно и се чини како едвај да збори и напишаа некои од нив.

„Здраво, јас сум Џесика Симпсон и добредојдовте во собата на мојата ќерка Бирди која ја дизајнираше Pettery Barn Kids со малку моја помош“, рече пејачката во видеото кое го објави на „Инстаграм“.

„Навистина ме привлекоа геометриските принтови и шемата со боја. За мене ова е во согласност со личноста на Бирди. Фала ви на сите што ја видовте преслатката соба на Бирди Мае Џонсон“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pottery Barn Kids (@potterybarnkids)

Додека некои ја пофалија за нејзиниот вкус за дизајн на интериерот, во коментарите се најдоа и такви кои изразија загриженост за нејзиното здравје. Некои и замерија на говорот и тежината.

„Овде нешто не е во ред. Ме боли срцето кога ја гледам вака. Изгледа многу болно. Што се случило со нејзиното лице. Едвај зборува. Ве молам, кажете ми дека не сум единствената која примети како страшно бавно и тивко зборува. Дали е добро?. Зошто така зборува? Чудно зборува во секое видео. Како да се труди повеќе од вообичаено“, и напишаа некои од нив.

Имаше и такви кои ја поддржаа и им замерија на големиот број од обожаватели што зборуваат за нејзиниот изглед и однесување.

„Тажно е што ги чигам сите овие коментари за нејзиниот изглед. Тоа не треба да го интересира никого. Би сакала луѓето да се малку повеќе љубезни“, и напишаа тие.

За потсетување, Џесика пред три години одлучи да ослабе и да ја изгуби килажата која ја доби по породувањето. Пејачката ослабе 45 килограми.

„Бев кај нутриционист и се свестив дека морам нешто да променам во моите проблематични навики“, рече таа, која дополни дека се чувствува како во тинејџерските години.

Поп ѕвездата зборуваше за нејзините проблеми со изгледот откако ја критикуваа поради фотографиите од 2019 година, на која носи фармерки.

„Оваа фотографија која кружеше на интернет ми го скрши срцето. Дури проблемот не беше толку во фотографијата, колку што беа насловите во натписите“, рече Симпсон во емисијата Today во 2020 година.

Таа исто така пишуваше за своето здравје и во нејзините мемоари „Отворена книга“, кои ги објави во 2020 година. Во нив напиша дека имало време кога се труела со таблети и алкохол.

Scroll to Top