Рецепт за карфиол во сос

Состојки за печен карфиол со прелив: 1 главица карфиол, 200 гр печени пиперки од тегла, 80 мл маслиново масло, 30 гр листови од бадем, 2 лажици овошен оцет, 1-2 чешниња лук, 1-2 лажици лут сос по желба, ½ лажичка чадена пиперка во прав, свеж магдонос, сол и црн пипер по вкус

Подготовка на печен карфиол со прелив: Загрејте ја водата во големо тенџере и малку посолете ја. Ставете го исчистениот карфиол исечен на помали парчиња. Гответе додека карфиолот не омекне. Само внимавајте да не се превари карфиолот бидејќи така ќе го расипе вкусот на целото јадење. Карфиолот исцедете го од водата и оставете го на страна малку да се излади. За тоа време направете го преливот за зеленчукот: во сечкач за зеленчук или во добар блендер ставете исцедени печени пиперки, листови од бадем, излупен лук, оцет, чадена пиперка во прав, грст свеж магдонос и малку сол и црн пипер. Истурете го маслото и пулсирајте додека не добиете густа, мазна смеса. Вкусете ја смесата и додадете лут сос по желба. Прилагодете ја пикантноста по ваша желба. Оставете го преливот на страна. Загрејте тава со малку масло, а потоа кратко пропржете го карфиолот додека не добие златно-жолта боја. Печениот карфиол измешајте го со преливот и послужете веднаш. 

Scroll to Top