Холивудскиот актер и режисер Шон Пен му го остави Оскарот на претседателот Володимир Зеленски во Украина и му порача да му го врати кога ќе ги победи Русите. Претходно поради критиките кон Путин, поради војната во Украина, Русите му воведоа санкции на Пен.
„Ова е само симболична, смешна работа. Кога ќе победиш, врати го во Малибу“, му рече Пен на Зеленски.
Зеленски на оскаровецот му даде Орден за заслуги за зајакнување на односите, за поддршка на територијалната целост на Украина и за популаризација на земјата. Ова на Пен му е трета посета на Украина откако почна војната.
Поранешниот комичар и актер подоцна во видеообраќање рече дека Пен, откако го посетил Киев на денот на инвазијата, направил сè за да им помогне да соберат меѓународна поддршка.
За потсетување, Пен на пред годинашното доделување на Оскарите рече дека ако на истите не се спомене војната во Украина, ќе ја стопи освоената статуетка.