Холивудската актерка Џенифер Анистон во интервју за „Алур“ призна дека сакала да стане мајка, но и жали што не донела одлука да замрзне јајце клетки кога била помлада.
Џенифер зборува за битката со неплодноста, вклучително и преку ИВФ и пиење кинески чаеви. Таа ги отфрли шпекулациите дека еден од нејзините поранешни сопрузи, Бред Пит или Џастин Теру, се развел од неа затоа што не сакала да им роди дете. Таа додаде дека сега се помирила со фактот дека никогаш нема да има деца.
Џенифер, која 10 години глумеше во хит-ситкомот „Пријатели“ од 1994 до 2004 година, призна дека била премногу фокусирана на кариерата за да размислува за смирување и раѓање деца во иднина.
Таа, исто така, навести дека еден ден би можела да напише книга за нејзината долготрајна борба со неплодноста, нешто што го криела од светот со години од потреба да се заштити себеси.
Антистон за магазинот „Алур“ позираше во минијатурен градник на Шанел.
View this post on Instagram
View this post on Instagram