Питата со полиено месо се прави од само 7 состојки и е многу едноставна. За кратко време ќе имате оброк. Може да се сервира топло, иако некои повеќе го сакаат ладно, со чаша јогурт или кондензирано млеко.
Потребни состојки: 2 глави кромид, 13 лажици брашно, 300 грама мелено месо, 3 јајца, чаша јогурт (мерката е чаша од 200 мл), кесичка прашок за печиво, половина чаша масло (мерката е чаша од 200 мл), сол, црн пипер, суви билни зачини по желба.
Подготовка: Кромидот исчистете го, исечкајте го, па пржете го на малку масло. Додадете го меленото месо и продолжете да динстате додека месото не побели. Зачинете по вкус и оставете да се излади. Скршете три јајца во сад, додајте брашно, прашок за печиво, јогурт и масло, па додајте го месото и сè изматете со блендер.
Намастете го садот во којшто ќе печете, посипете го со брашно и истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час.