(Видео) Мејкап-трикови за дами над 40 години

Мејкап артистите велат дека постојат неколку правила кои треба да ги следат дамите над 40 години за да имаат совршена шминка. Според нив, постојат трикови со кои за само 5 минути ќе изгледате одлично.

Чувајте ги сите производи што ги користите во вашата рутина за шминкање на едно место. Ова ќе ви заштеди време кога се шминкате. Изберете фиока, кутија или дел од полицата кои ќе бидат наменети исклучиво за секојдневна шминка.

Купете четка за шминкање која можете да ја користите и за нанесување пудра, и за бронзер, руменило и за хајлајтер.

Првиот и најважен чекор кога се шминкате е да нанесете крема со заштитен фактор, без разлика на сезоната.

Потоа нанесете хидратантна крема, па прајмер кој ќе ја фиксира пудрата.

Покријте ги круговите под очите и можните несовршености со коректор. Потоа, користете четка (или сунѓер) за да ја нанесете течната пудра на вашето лице. Ставете руменило на образите (според тонот на кожата).

Не претерувајте со бронзерот. Нанесете доволно за да ја ревитализирате вашата кожа.

Нанесете неутрална сенка на очите, а потоа маскара. Нанесете неутрален сјај или балзам на усните.

На крајот ставете малку хајлајтер на јаболчниците.

Scroll to Top