Новата сезона на серијата „Круна“ донесе голем број интересни приказни за британското кралско семејство од деведесетите години, а најмногу откри за страдањата кои ги доживеала принцезата Дајана и нејзиниот развод од сегашниот британски крал Чарлс Трети.
Исто така се зборува и за трагедијата на малото девојче Леонора Нечбул, која на само пет години ја изгубила битката со ракот, а трагедијата наводно била причина за нејзиното зближување на мајка ѝ со принцот Филип и аферата која ја имала сопругот на британската кралица Елизабета.
Станува збор за Пенелопи Нечбул позната и како грофицата од Монтбатен од Бурма. Пенелопи била мајка на Леонора Нечбул, девојчето кое во раните деведесети почина од рак.
Леонора е родена во 1986 година, како најмладото дете на Нортон и Пенелопи Нечбул, кои тогаш биле познати како лорд и лејди Ромсеј. Од страна на татко ѝ, Леонора била праправнука на лордот Луис Монтбатен, вујко на принцот Филип и највлијателна фигура во неговиот живот.
Леонора била роднина на сопругот на кралицата Елизабета, а со самото тоа и на денешниот крал Чарлс. Нејзините родители биле блиски со кралското семејство, па Леонора со мајка ѝ, татко ѝ често патувале со принцезата Дајана и нејзиното семејство.
Ова не е единствената нивна кралска врска. Нејзиниот кум е поранешниот шпански крал Хуан Карлос Први. Кога имала само четири години, додека со семејството била на летување во Мајорка, било откриено дека боледува од рак на бубрезите.
И покрај тешката состојба и лечење, Леонора учествувала во голем број настани на кои традиционално присуствувало и кралското семејство и британската јавност ја обожавала поради нејзиниот шарм и манири.