Џеф Безос потврди дека планира да донира најголем дел од неговото богатство од 124 милијарди долари во текот на животот. Парите кои ќе ги донира Безос ќе бидат наменети за борба против климатските промени и за намалување на нееднаквоста.
Основачот на „Амазон“ и најбогатиот човек на светот често беше критикуван што не помага, а парите ги троши на патувања во вселената.
Ворен Бафет, Бил Гејтс и бившата сопруга на Безос, Мекензи Дејвис, исто така ветија дека ќе донираат најголем дел од своите милијарди.
Откако ѝ додели награда од 100 милиони долари на пејачката Доли Партон, Безос беше запрашан дали планира да го донира своето богатство.
Безос лани се повлече од функцијата извршен директор на „Амазон“, но остана претседател на управниот одбор.