Kнески маратонец познат по прекарот чичо Чен (50) истрча маратон во градот Гендо додека пушеше цигари.
Тој се појави на насловните страници на локалните весници, а набрзо фотографиите на кои пали цигара среде трката се појавија и на кинеските социјални мрежи.
На социјалната мрежа Веибо, Чен стекна голема популарност, а организаторите на трката го прославија неговото достигнување со врачување на сертификат за успешно завршување на трката.
Чен заврши на 574-то место во генералниот пласман од речиси 1.500 натпреварувачи, со време од 3 часа, 28 минути и 45 секунди. Ова не е прв пат 50-годишниот тркач од Гуангжу да биде забележан како пуши за време на маратон. Фотографиите на кои трча со цигара во рака се појавија уште во 2018 година на маратонот во Гуангжу, кој го истрча за 3 часа и 36 минути, а една година подоцна и маратонот во Ксиамен, кој Чен го заврши за 3 часа и 32 минути.
Чен е и ултрамаратонец, а една од анегдотите поврзани со него, иако непроверени, е дека пуши само кога трча.
На социјаната мрежа Веибо, корисниците коментираат дека Чен треба да биде дисквалификуван од трката поради ваквото однесување.
Chinese man runs a 3:28 marathon while chain-smoking:https://t.co/HoYiXHQRNX pic.twitter.com/KxbbAExf1a
— Canadian Running (@CanadianRunning) November 14, 2022