Тенисерките ќе може да носат црни или бермуди во боја веќе следната година на Вимблдон, информира од „Ол Ингланд клубот“ додавајќи дека жените ќе може да играат и за време на циклус.
„Следната година, жените и девојките, учеснички на турнирот, ќе можат да носат куси панталони во боја, доколку сакаат. Одлуката е донесена по разговорите со играчите и организаторите. Се надеваме дека ова прилагодување ќе им помогне на играчите да се сосредоточат единствено на играта и ќе ја елиминира можната причина за вознемиреност“, изјави извршната директорка на лондонскиот „Грен слем“ турнир, Сали Болтон.
Кодексот на облекување бараше играчите да носат бело во Лондон, за разлика од другите „Грен слем“ турнири, Австралија опен, Ролан Гарос и Ју-Ес опен. Во 2014 година, правилото беше заострено и учесниците мораа да носат и бела долна облека поради политиката целосно бело.
Тенисот не е единствениот спорт во кој жените имаат проблеми околу циклусот. Женскиот фудбалски тим на Манчестер Сити на крајот на октомври соопшти дека од следната година, бермудите веќе нема да бидат задолжително бели.