Младоженец од Америка на сопствената венчавка кумовите го носеле во мртовечки ковчег до олтарот. На Тик-ток се појави бизарна снимка од свадбена церемонија со елементи на погреб, на која се гледаат неколку луѓе, вклучително и деверици и младоженци, како вадат црн ковчег од возило и потоа го носат до олтарот.
„Погреб? – Не, така мојот пријател реши да оди по патеката“, пишува на видеото.
На крајот од видеото, младоженецот излегува од ковчегот облечен во бел костум со црна вратоврска. Невестата и нејзината реакција не беа прикажани, ниту, пак, крајот на оваа бизарна церемонија.
За кратко време видеото го погледнале над 8 милиони луѓе, а младоженецот доби негативни коментари на социјални мрежи. Корисниците напишале дека чинот на младоженецот е одраз на непочитување и дрскост кон неговата партнерка.
@tobz88 Tell me you’re dramatic without telling me you’re dramatic. #wedding #walkingdowntheaisle #areyoukiddingme #getthefucouttahere #tildeathdouspart ♬ Rest In Peace – Dorothy