(Видео) Српскиот пејач  Бобан Рајовиќ ќе снима песна за Македонија

Српскиот пејач Бобан Рајовиќ има нова песна „Недељом“. Станува збор за балада, за која изработи и видеоспорт во кој Рајовиќ се појавува гол до половина.

„Ниту една песна не сум ја чувал толку долго колку оваа балада, но ова е повеќе од тоа. Повеќе од песна, и имам само една желба поврзана со неа – да погледнете под површината, да гребнете под неа. Ова сум јас, ова е мојата душа, ова е мојата емоција. Ова не е маркетинг. Сакам да ја слушате песната, но, пред сѐ, сакам да ја разберете“, вели Бобан.

Во спотот се појавува пејачот кој сакал да стави акцент на емоцијата, а не на осмислени сцени и актери.

„Оваа песна е чиста емоција, а следната ќе биде исполнување на мојата дамнешна желба. Желбата да снимам љубовна песна во која се споменува Македонка или самата Македонија одамна посакувам да ја остварам, првенствено затоа што за вашата земја ме врзуваат многу убави спомени. Затоа наскоро, освен моја авторска песна за Македонија во етерот во план сум да пуштам и обработка на една стара македонска песна. Се надевам дека Македонија ќе ја препознае мојата емоција која е искрена“, вели Рајовиќ.

Инаку, српскиот пејач е голем пријател со нашиот репрезентативец Елиф Елмас, кому, пак, пејачот му е омилен и чии хитови редовно се пеат по победите. Меѓу најпознатите песни на Бобан се големиот хит „Усне боје вина“, „Косачи“, „Откажи“, дуетот со Џеј „Хеј животе друже“, „Километри љубави“ со Иван Зак.

 

Scroll to Top