Македонскиот пејач и гитарист Рис Флауер на 13 декември ќе одржи интимен концерт во „Паблик рум“ за да го промовира неговиот најнов проект Light Of Your Soul. На концертот освен новите, до сега необјавени песни, тој ќе ги испее и веќе познатите композиции, чиј автор е самиот тој.
„Секогаш уживам на сцена и затоа со нетрпение очекувам да настапам пред скопската публика. Подготовките за концертот се започнати и можам да кажам дека ќе биде навистина енергично шоу, различно од сè друго. Особено ми е драго што на концертот ќе настапат и музичарите од Турција, екипа со кои ја работам музиката во изминатите години“, вели музичарот.
На сцената со Рис Флауер ќе настапи неговиот бенд, составен од врвни музичари и долгогодишни соработници: Џоле Максимовски – бас-гитара, Мустафа Чанбазлар – клавијатури, Арикан Сиракаја – тапани и Александра Кировска – гитара.