Бритни Спирс објави нови провокативни фотографии. Овој пат се сликаше гола во када, а многу од нејзините фанови мислат дека нејзиниот профил е хакиран. Сликите изгледаат како сцени од филм за возрасни, а многу фанови мислат дека некој друг ги објавува на нејзиниот профил.
„Само сакам да знам дали е добро. Бритни ако ти го имаш објавено ова те молам кажи ни. Кажи ни дали си добро? Кој ги објавува овие фотографии? Профилот ѝ е хакиран“, напишаа некои од нив.
Имаше и такви кои ја осудија пејачката и објаснија дека ова не е првпат да објави вакво нешто.
„И потоа се прашувате зошто децата се одвоени од неа. Нејзиниот татко веќе предупреди дека вакво нешто може да се случи“, напишаа тие и потсетија на нејзиниот проблематичен однос со синовите кои сега живеат со татко им Кевин Федерлајн. Имаше и такви кои ја поддржаа.
„Ако можат Хајди, Мадона, Грајмс, можеш и ти“, и напишаа тие.