Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам претсојува во еден од најлуксузните хотели во Доха, за време на Светското првенство. Тој престојува во апартман во хотелот „Мандарин ориентал“ со пет ѕвезди, каде ноќевање чини 20.000 фунти, пишува „Сан“.
Апартманот се наоѓа на последниот кат од хотелот. Има сопствена трпезарија, двор, приватен базен и теретана. Но, Бекам наводно се одјавил од тој хотел откако било откриено дека тој престојувал таму.
„Персоналот сакаше да биде овде. Го викаа Сер Дејвид. Другите гости воопшто не го видоа затоа што имаше апартман кој беше како хотел во хотел, што значи дека не мора да оди меѓу луѓето. Тој беше многу љубезен и шармантен кон персоналот. Тој е еден од најпознатите луѓе во фудбалот и ми беше чест да го имам овде. Штета е што повеќе не е наоколу, но сигурен сум дека ќе се врати“, вели извор од хотелот.
За време на престојот, Бекам наводно имал личен готвач. За да ги избегне папараците, тој влегувал и излегувал од хотелот користејќи приватен влез во лобито. Возел низ градот во лимузина со затемнети стакла. Тој го посети и Музејот на исламска уметност во Доха.