Пејачот Хари Стајлс во неделата го прекина концертот во Богота, откако некои од фановите во првите редови почнале да се гушат и да губат свест. Стајлс ги забележа од сцената и одма ги замоли другите во публиката да им помогнат за да не дојде до поголем проблем.
„Возбуден сум што сум тука и знам дека концертот ќе биде одличен, но најважно ми е луѓето да се безбедни. Тука е многу жешко и има многу луѓе, па ќе ве замолам да се повлечете неколку чекори назад, но побавно“, рече Хари за време на концертот.
Некои од обожавателите кои беа присутни на концертот напишаа дека било многу страшно и дека и тие се плашеле за нивните животи. За потсетување, инцидент се случи и на претходниот концерт на Стајлс кога еден од фановите во публиката го погоди во око.
Harry Styles detiene su show en Bogotá pidiendo seguridad y calma a todos los asistentes!
Cuidémonos entre todos ❤️🩹 #HarryEnColombia #HarryStyles pic.twitter.com/nPEhpL40fI
— LOS40 Colombia (@los40colombia) November 28, 2022