Видеа од валкани станови во Катар се појавија на социјалните мрежи. Светското првенство во фудбал не излегува од фокусот, па јавноста е заинтересирана за секој настан поврзан со него.
Додека многумина си го дозволија тој луксуз и заминаа во Катар, повеќето ја следат играта од своите домови. Сепак, оние кои се нашле во Катар тврдат дека се соочиле со бројни непријатности.
На социјалните мрежи се пишува дека цената за ноќевање во апартман се движи од 207 долари па нагоре, но некои гости не се задоволни од тоа што ќе го сретнат, иако одвоиле значителна сума пари за сместување.
На Тик ток се појавија видеа, снимени во сместување во Катар. На видеото се гледа како гостин кој пристигнува во станот каде ноќевање чини околу 200 евра, наидува на непријатно искуство.
Корисниците на социјалните мрежи остро ги критикуваат видеата, сметајќи дека тие намерно ги истакнуваат негативните аспекти на земјата домаќин на Светското првенство. Други пак се згрозени од глетката и се груби во коментарите.
„Патував на 5 светски првенства, но кога објавија дека годинава ќе бидат во Катар, немаше начин да отпатувам таму. Еден од коментарите гласеше: „Што мислевте за 200 евра ќе добиете хотел со седум ѕвезди?“, стои во коментарот.
Бидејќи Катар е една од побогатите земји, која изобилува со луксуз и гламур, гостинот бил разочаран од тоа што го чека како и од односот цена-квалитет.
Додека други објаснуваат дека: „добиваш колку што плаќаш“.
@fanvillageqatarr #worldcupqatar2022 #worldcupfanvillages ♬ Originalton – World Cup Qatar
@fanvillageqatarr got the premium experience #worldcupqatar2022 #fanvillageworldcup2022 ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show