Додека живееле во Обединетото Кралство, принцот Хари (38) и неговата сопруга Меган Маркл (41) често биле изложени на разни закани, главно преку интернет. Нил Басу, поранешен помошник началник за специјални операции во Метрополитен полицијата, зборуваше за нивната ситуација.
Басу неодамна поднесе оставка од таа позиција, а во интервју за вестите на Канал 4, тој рече дека Меган добивала многу закани за време на нејзиниот живот во Велика Британија, од кои некои биле многу реални.
Басу изјавиl дека Меган цело време се чувствувала како нејзиниот живот да е во опасност поради содржината на заканите што ги добивала.
Тој беше убеден дека опасноста по животот на Меган е реална.
„Имавме тимови кои го истражуваа тоа. Поради тие закани се гонети луѓе“, вели тој во интервјуто.
Меган и Хари го напуштија Обединетото Кралство и се преселија во САД, во Калифорнија, во 2020 година. Една од главните причини била токму безбедноста на нивното семејство, која постојано ја нагласувале.
Исто така, во различни интервјуа и двајцата зборуваа за расизам, вклучително и за тоа во самото кралско семејство, што предизвика огромен шок во Велика Британија и Куќата на Виндзор. Критичарите ги обвинија дека ги преувеличуваат и заканите и расизмот.
Во документарниот филм „The Me You Can’t See“, принцот сподели дека се плаши за животот на Меган поради тоа како се однесувале папараците со неговата мајка, принцезата Дијана, до кобната сообраќајна несреќа во која таа го загубила животот.
„Мајка ми беше прогонувана до смрт додека беше во врска со некој кој не беше бел и погледнете како заврши. Сакате да зборувате за историјата што се повторува? – Нема да застанат додека Меган не умре“, рекол тогаш Хари.