Ѕвездата на „Гранд“, Ристе Ристески вечерва ќе одржи заеднички концерт со Теа Таировиќ во Швајцарија. Ристески се враќа на сцената по шест години и и за вечерва најави вистински спектакл. Организаторите рекоа дека ќе направат спектакл и сите се добредојдени.
„Навистина убаво што неколку години повторно ќе ги видиме Ристе и Теа на иста сцена. Двајцата се млади, талентирани и успешни музичари. Вечерва не очекува вистински спектакл. Музика и шоу какво што подолго не сме виделе. Во нашиот клуб сите сте добредојдени“, рекоа организаторите.
За потсетување Ристе настапуваше на концертите на Теа во 2016 година. Во тој период настапи и на концерт на Аца Лукас во Виена, Австрија.