Ен Хеч пред несреќата била под влијание на различни дроги покажа обдукцијата

Неколку месеци по трагичната несреќа во која загина американската глумца Ен Хеч, се открија извештаите од обудкцијата и токсиколошкиот извештај. Во нејзиното тело патологот откри неколку типови на дрога. Откриени се траги на кокаин и фентанил, за кој е утврдено дека ги користела во болница за ублажување на болките.

„ТМЗ“ пренесе дека во телото не ѝ нашле алкохол, иако на фотографиите пред несреќата беа видени шишиња пред автомобилот. Патологот рече дека не постојат докази дека била под влијание на алкохол за време на сударот. За потсетување, Хеч почина на 12 авуст годинава една недела по тешката несреќа. Имаше 52 години.

 

Scroll to Top