„Сами сме дома“ новогодишна детска претстава со 70 актери на сцена

„Сами сме дома“ новогодишна детска претстава на Актерската школа на Весна Петрушевска ќе се прикажува на 10 -ти декември во Дом на АРМ.

Во претставата ќе глумат 70 ученици од школата на Весна Бејби.

„Да се натера толку голема група луѓе, од која било возраст, а не па деца, да се појават така координирани на сцената е уметност сама по себе. Но, во нашата претстава тоа нема да биде проблем. Со живописна и софистицирана сценска кореографија на Студио „Брејк а лег““, изјави Петрушевска.

Претставата ќе се прикажува во Дом на АРМ, оваа сабота, 10ти декември, со почеток од 12 часот која е веќе распродадена и од 14 часот за која сеуште има карти. 

 „Драги деца и родители повелете да ја проследите новата хит новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ која премиерно ќе биде оваа сабота од 14 часот во Дом на АРМ. Картите можете да ги резервирате преку контакт телефонот 078/227-316. Со претставата сакаме да им покажеме на своите деца дека можат да ги допрат ѕвездите“ вели актерката Весна Петрушевска.

Таа додава дека да се работи со деца е огромен предизвик. Тие на првиот час доаѓаат не знаејќи дека за да бидеш актер треба да го живееш актерскиот сон. 

„Искрена да бидам со многу работа, домашни работи и љубов моите ученици прераснуваат во мали актери кои на публиката можат да им ја пренесат сета среќа и тага од драмските текстови. Токму тоа го кажувам со самодоверба затоа што знам колку напорно како сме работеле заедно за да го постигнеме истото.” додаде Петрушевска.

 

Scroll to Top