Јелена Розга во интервју зборува за нејзиното секојдневие и открива како се спраува со нарушеното здравје. Таа раскажува дека последниот месец станува многу рано, што не било типично за неа.
„Подготовките ги правам во Љубљана, се враќам во станот и легнувам околу 22 часот. Целосно го сменив биоритамот. Телото и умот ги одморам во тишина. Исклучувам се и гледам во една точка. Целосно се исклучувам“, изјавила пејачката за „Стори“.
„Мојата тироидна жлезда е во ред. Ќе се справи со сето ова актуелно лудило“, рекла пејачката.
Таа откри и како му била бебиситерка на малиот Блум и дека еден ден би сакала и самата да стане мајка.
„Нормално ги обожавам децата бидејќи се среќни и разиграни. Би сакала еден ден да станам мајка“, рекла таа.
Признала и дека не се снаоѓа добро во кујна.
„Не знам да готвам, не ми се допаѓа тоа и воопшто не сум за во кујна. Внука ми секогаш ме предупредува да се држам што подалеку од рерната. Но, никогаш ништо не сум запалила“, раскажала Розга.