Џенифер Анистон неодамна имала средба со ѕвездата од серијата „Момците од Медисон“, Џон Хем. 53-годишната актерка била забележана како ужива во разговорот со овој 51-годишен колега од серијата „Утринско шоу“, Џон Хем додека продавала протеински производи во видео кое во средата го споделила на Инстаграм.
Нив двајца романтично ги поврза таблоидот „Стар“, но актерот јавно зборуваше колку е вљубен и дека сака да биде со својата девојка Ана Оскеол. Во меѓувреме Анистон есенва за магазинот Allure изјави дека сака да се забавува и дека е отворена за нова љубов по двата развода.
Анистон сега споделила видео на својот инстаграм-профил на кое се гледа како продава протеински производи од компанијата Vital Proteins. Актерката пред две години склучила деловна соработка со компанијата која се занимава со додатоци во исхраната.
Како што пренесува „Дејли меил“ разни таблоиди веќе се сомеваат дека Анистон и Хем веќе се во љубовна врска. Но, Хем би требало да е во долгогодишна врска со Ана Оскеол.
Анистон во 2017 година се разведе од поранешниот сопруг Џастин Теро. Тие двајца беа во брак две години. Актерката беше во брак од 2000 до 2005 година, со Бред Пит.