Пејачката Зорана удрила дете со кола, па сама пријавила во полиција

Српската пејачка Зорана Павиќ со колата удрила дете, па сама се пријавила во полиција. Несреќата се случила на место каде не е обележан пешачки премин, но детето, кое било заедно со својот брат, е без повреди.

„Пред неколку дена одев накај Велика Плана, кога дете ми истрча пред колата на место што не е обележано како  пешачки премин. Излегов од колата, го гушнав го бацив и ги прашав браќата дали треба негде да ги одведам. Детето не е повредено, па секој продолжи по својот пат. Следниот ден пријавив во полиција, и тоа може да се провери.  Тие имаат видео како дете истрчува пред мојата кола и моментот кога јас го прашувам дали му треба помош и треба ли да го одведам на лекар“, рекла Зорана за „Блиц“.

Пејачката додала и дека ќе ги тужи медиумите кои ќе објават лажна вест поврзана со случајот.

Scroll to Top