Српската пејачка Зорана Павиќ со колата удрила дете, па сама се пријавила во полиција. Несреќата се случила на место каде не е обележан пешачки премин, но детето, кое било заедно со својот брат, е без повреди.
„Пред неколку дена одев накај Велика Плана, кога дете ми истрча пред колата на место што не е обележано како пешачки премин. Излегов од колата, го гушнав го бацив и ги прашав браќата дали треба негде да ги одведам. Детето не е повредено, па секој продолжи по својот пат. Следниот ден пријавив во полиција, и тоа може да се провери. Тие имаат видео како дете истрчува пред мојата кола и моментот кога јас го прашувам дали му треба помош и треба ли да го одведам на лекар“, рекла Зорана за „Блиц“.
Пејачката додала и дека ќе ги тужи медиумите кои ќе објават лажна вест поврзана со случајот.