Откако Хрватска го победи Бразил и се пласираше во полуфиналето на Мундијалот во Катар и Иван Перишиќ го објави видеото на кое неговиот син Лео оди да го утеши Нејмар. Хрватскиот репрезентативец јавно му се заблагодари на еден од најдобрите светски фудбалери оти со свето однесување го израдувал неговиот десетгодишен син.
„Ти благодарам, на син ми многу му значи твојот гест“, напиша Перишиќ на Инстаграм и додаде дека е горд татко.
Синот на Перишиќ е голем фан на Нејмар, па затоа добил желба да го утеши по поразот на Бразил. Видеата и сликите од средбата на Лео и Нејмар кој плаче, почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи.
Фудбалските фанови коментираа дека и во моментите на најголема тага, Нејмар се покажал како голем човек и го гушнал Лео, наместо да избега од теренот, како што тоа го направија Роналдо и уште неколку познати фудбалери.
View this post on Instagram