Меган преку пошта му го вратила прстенот на бившиот

Ликот кој не се појави во документарниот филм на Нетфликс, „Хари и Меган“, е поранешен сопруг на војвотката од Сасекс. Тревор Енгелсон, 44-годишен американски телевизиски продуцент, кој се забавуваше со Меган седум години, а парот се венчал во 2011 година.

Тие се запознале во еден бар во Холивуд во 2004 година. Се верува дека тој ја менторирал Меган кога таа за првпат влегла во филмската индустрија и ѝ донесе улога во филмот „Запомни ме“ на Роберт Патинсон во 2010 година.

Двајцата биле во брак две години. Се разведоа во август 2013 година, наведувајќи ги меѓусебните разлики како причина. Странските медиуми тогаш шпекулираа дека причината за разделбата би можела да биде тоа што Меган зазела улога во серијата Suits.

Таа поради новата работа се преселила во Торонто, на три илјади километри, каде се снимала серијата, а наводно решила да остане таму и по завршувањето на снимањето. Тревор потоа остана во нивниот стан во Лос Анџелес. Медиумите пишуваа дека таа го завршила бракот и дека снимањето на серијата и било само изговор да ја прекине.

Тревор, кој очигледно не го очекувал тоа, таа својата одлука му ја соопштила со што му го испратила свршувачкиот прстен по пошта. Многумина тврдат дека Меган никогаш немало да биде ѕвезда доколку не бил Тревор, кој работел со неа за да ја подобри нејзината улога во серијата.

Кога се запознале, таа била само една од актерките кои се надевале на слава, а по две години брак редовно била на страниците на таблоидите.

Денес и двајцата се премажени и имаат деца со новите сопружници. Тревор почна да се забавува со 33-годишната милионерка нутриционист Трејси Курланд во 2017 година, а се венчаа пет месеци откако Меган се омажи за принцот Хари. Сега имаат две ќерки: двегодишната Форд Грејс Енгелсон и едногодишната Сиена Ли.

Scroll to Top