Мајка ми беше чистачка, а татко ми уличен продавач: приказната на Хакими кој ги освои симпатиите на Светско 

Мароканскиот репрезентативец Ахраф Хакими остана забележан на Светското првенство по гестот кога по секоја победа трчаше да ја прегрне мајка си на трибините. Тој тоа го прави за да покаже дека го почитува неговото семејство и мајка си, Саида.

Саида и нејзиниот сопруг Хасан отпатувале во Шпанија од Мароко во раните дваесетти години во потрага по подобар живот. Ахраф е роден во Шпанија ,  а неговите родители направиле се за да му овозможат нормално детство.

„Мајка ми беше чистачка, а татко ми уличен продавач. Потекнувам од скромно семејство кое тешко заработуваше за живот”, изјавил фудбалерот во една прилика.

„Фудбалот беше мојот сон и честопати ги жртвуваа желбите на другите деца за мене. Сега играм за нив. Бевме многу сиромашни, а сега се борам за нив“, додаде тој.

Освен Ахриф во неговото семејство се и неговата сестра Видад и братот Набил.

Инаку, Хакими е во брак со 12 години постарата Хиба Абук, за која странските медиуми пишуваа дека е најубавата актерка на светот. Парот има два сина, а фудбалерот стана татко на 22 години. Неговата сопруга е шпанско-туниска актерка, која исто така има либиски корени, а популарноста ја стекна поради главната улога во телевизиската серија „Ел Принципе“, која извесно време се емитуваше и во Хрватска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Achraf Hakimi (@achrafhakimi)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Achraf Hakimi (@achrafhakimi)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Achraf Hakimi (@achrafhakimi)

Scroll to Top