Светската музичка сензација „Перпетум џезиле“ во Скопје

Еден од најголемите и најпознати акапела хорови во светот, „Перпетум џезиле“, ќе одржи концерт во Македонска филхармонија на 10 февруари 2023 година. Тие во Скопје ќе се претстават со проектот „Вокал екстази“.

Концертниот репертоар на „Перпетум џезиле“ вклучува преработки на светски познати музички ѕвезди меѓу кои АББА, Тото, Мајкл Џексон, Квин, Дејвид Гета, Лејди Гага, Дејвид Боуви, Џони Мичел, Би Џиз и други, но и сопствени интерпретации и обработки на народни песни. Хорот пее на англиски, португалски, шпански, италијански, германски, хрватски, словенечки, македонски јазик.

„Нивните концерти, покрај тоа што даваат на публиката уникатно музичко искуство, пропратено со јака енергија и страст од секој музичар поединечно, креативните вокални аранжмани импресионираат голем број на музичари во светот, воодушевени од величенствениот звук кој не се очекува само од човечки гласови“, велат организаторите на концертот.

„Перпетум џезиле“ е формиран од уметничкиот водител Марко Тиран во 1983 година под името Gaudeamus, а покасно го смени името. Денес е најпопуларен вокален оркестар на Јутјуб, со повеќе од 90 милиони прегледи, со што влегуваат на листата на 40 најпопуларни видеа.

 

Scroll to Top