Се гради футуристичка населба во Атина, која ќе чини осум милијарди евра

Од Партенон и Акропол до огромната низа градски храмови и амфитеатри, Атина е најпозната по своите спектакуларни антички градби. Но, тоа наскоро би можело да се промени, главниот град на Грција треба да стане дом на хипермодерен град, кој би требало да биде една од најфутуристичките населби на планетата.

Проектот наречен „Елиникон“ ќе користи повеќе од шест милиони квадратни метри земјиште кое претходно се користело како градски аеродром. Поконкретно, ќе се гради во крајбрежно предградие на Атина (само 20 минути возење со метро од центарот на градот), кое ќе биде изградено речиси целосно од нула.

Градот ќе содржи хотели и канцеларии до станбени области, здравствени установи и спортски терени, „Елиникон“ ќе има и своја ривиера, пристаниште и огромен парк.

„Елиникон“ ќе биде опремен со куп најсовремена зелена технологија и ќе содржи крајбрежен парк од два милиони квадратни метри, плус 50 километри патеки за пешаци и велосипедисти. Ќе биде „град од 15 минути“, што значи дека се може да се направи пеш за многу кратко време.

Градот ќе се отвора етапно. Фазата А, која вклучува станбена кула и комплекс за шопинг и ресторани, се очекува да биде отворена веќе во 2025 година. Вкупно, проектот се очекува да чини осум милијарди евра.

Доколку сакате да знаете каков ќе биде „Елиникон“, можете да дознаете на интерактивната изложба наречена The Ellinikon Experience. Влезот е бесплатен и се наоѓа во стариот авионски хангар на идната локација на Елиникона, а посетата можете да се резервира.

 

Scroll to Top