(Видео) Аквариум висок 14 метри експлодира во хотел во Берлин

Аквариум висок 14 метри експлодирал во хотелот „Радиосн Блу“ во Берлин, попрлавувајќи го хотелот и околните улици, пренесуваат гермнските медиуми. На Твитер се појави видео од инцидентот, кое најверојатно го објавил гостин на хотелот.

На видеото се гледаат урнати откако пукнал аквариумот во фоајето на хотелот, а на подот истекува вода на сите страни. Во несреќата има две повредени лица.

„Аква дом“ е аквариум во кој живееле 1.500 тропски риби, висок 14 метри и беше опишан како најголемиот слободностоечки цилиндричен аквариум во светот.

Сликите на социјалните мрежи покажаат огромни штети во фоајето на хотелот. Аквариумот бил модернизиран пред две години, а внатре имало лифт за посетителите да го користат.

„Аква дом“ беше отворен во декември 2003 година и влезе во Гинисововата книга на рекорди како најголем цилиндричен аквариум во светот.

Противпожарната бригада на Берлин соопшти дека повеќе од 100 пожарникари биле присутни и не е јасно што ја предизвикало несреќата.

„Има многу вода на улицата, засега се уште не е позната причината“, соопшти берлинската сообраќајна служба.

Scroll to Top