Поп дуото „Творчи“ ќе ја преставува Украина на следната Евровизија со песната „Срце од челик“, пренесе Би-Би-Си. Националниот избор за песна на Евросонг беше пренесуван од подземна скривница во Киев, а украинскаа песна е првата потврдена песна за натпреварувањето кое се одржува во Ливерпул во 2023.
Украина победи на годинашната Евровизија, но поради војната, домаќин ќе биде Велика Британија.
Метро станица во Киев привремено беше претворена во ТВ-студио за вчерашното музичко шоу, а киевската подземна железница служи како скривница откако почна руската инвазија на Украина пред 10 месеци. За потсетување, Украина на Евросонг првпат настапи во 2003 и има три победи .