Глумицата и Оскаровка Џејн Фонда сподели со фановите убави вести и рече дека ракот од кој боледува е во ремисија и дека може да го спречи со хемотерапија. Фонда на почетокот на септември сподели дека боледува од Нон-Хочкинов лимфом и дека почнала со хемотерапија.
Во објавата повтори дека првите четири хемотерапии биле лесни за неа, но со време работите и станувале потешки. Последната хемотерапија ѝ била најтешка затоа што траела две недели. Пред 85 роденден Фонда дозна дека лекувањето е при крај.
„Тоа е најдобриот подарок кој можам да го добијам за роденден“, рече Фонда.