Белград ми беше депресивен, па се вљубив во Скопје: Синот на Марина Туцаковиќ неколку години живееше во Македонија

Синот на Марина Туцаковиќ, Милан кој почина вчера живееше неколку години во Скопје па неодамна рaскажал како се чуствувал тука. Откако Белград му станал депресивн град, рашил да се пресли во 2019 година во Скопје.

„Белград ми стана депресивен. Отидов во Скопје, како една од опциите, другата беше Љубљана, каде што живее мојот најдобар пријател, па сакав да одам таму за да си ја оладам главата. Дарко Димитров го запознав во Скопје. И без никакви претензии почнавме да соработуваме и да се дружиме.  И некако се заљубив во Скопје“, раскажал Милан.

Во Скопје и се сретнувал и со пејачката Ана Николиќ во студиото на Дарко Димитров додека таа го снимала албумот.

„Со Ана Николиќ излеговме надвор од студиото да запалиме цигара. Беше утро, пиевме кафе, завиткани во ќебиња и зборувавме за минливоста на животот. Ана доаѓаше секоја втора недела во Скопје, каде што јас живеев и работев во тоа време, таа секогаш остануваше во новоотворениот хотел во просторија за пушење и со себе носеше ЦД со демо снимки и книга за граничното растројство на личноста.

Во еден момент ми рече: Ебате, дали се чувствуваш како да сме овде на рехабилитација?

Синот на Марина Туцаковиќ, текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ починал во Израел, а неговото безживотно тело било пронајдено на улица.

Тој е пријавен за исчезнат на 12 декември, објави неговиот татко Фута во изјава за медиумите, како и дека е пронајден на улица во Тел Авив.

Пронајден бил на улица и како што неофицијално пренесува српски Блиц, починал додека бил под дејство на недозволени супстанци.

„Без име, само без спомени“, била последната објава на Милан Радуловиќ Лаќа на социјалната мрежа Твитер.

 

 

Scroll to Top