Бразилската фитнес инфлуенсерка Ана Клара Риос, која е доста популарна на „Инстаграм“, каде ја следат 644.000 луѓе, откри непријатна случка која ја доживеала додека летала со авион од Сао Паоло до Бело Хоризонте. Додека спиела постар господин ја фотографирал со мобилниот телефон.
Една од стјуардесите и рекла дека го видела како ја снима и зумира.
„Стјуардесата ми рече да се преместам. Прво си помислив дека ме препознал затоа што сум позната. Но, стјуардесата ми рече дека се обидел да ме слика и под фустанот. Сакав да се соочам и да му кажам да ги избрише фотографиите. Му реков дека тоа што го направи не е во ред и дека можам да му бидам и мајка, сестра или ќерка“, рече Ана.
Подоцна направила скриншот од пораката која ја снимила на видео и им ја испратила на властите. Господинот бил однесен да даде изјава, но не бил уапсен.