„Варајати“ ги избра најлошите филмови за 2022 година

Филмските критичари Овен Глајберман и Питер Дебруж, од магазинот „Варајати“ направија листа на најлошите филмови 2022 година. Тука се најдоа и филмот за Мерилин Монро, Blonde и 355 во кој глумат Пенелопе Круз и Џесика Честејн.

Ваквата листа ги разлути фановите, но и луѓето од филмската индустрија, па глумецот Илајџа Вуд вели дека изборот на најлоши филмови е непотребна и груба пракса.

Глајберман на прво место го стави Amsterdam за кој пишува дека е „бизарно фијаско на Дејвид О. Расел, кое е истовремено на граница да биде здодевно, парализирачко и неповрзано“.

На второто место се најде Minions: The Rise of Gru, за кој критичарот вели: „Кога анимираните продолженија не служат за ништо друго освен за правење пари, тоа може да биде чудно безживотна афера. Можеби затоа петтото продолжение на Despicable Me се чини како 105-то по ред“.

На третото место е Bones and All, а Глајберман вели дека во 2 часа и 10 минута речиси ништо не се случува. На четвртото место е римејкот на филмот кој го нарекуваат „најлошото дело на Стивен Кинг од 80-те“, филмот Firestarter. Последен на листата на Глајберман е филмот Three Thousand Years of Longing.

Питер Дебруж на првото место на својата листа најлоши филмови за 2022 година го стави Blonde кој зборува за животот на Мерилин Монро. Тој вели дека „режисерскиот еднодимензионален поглед на Мерилин, од комплексна и непозната жена ја сведува на статус на жртва што ја прави улогата многу плитка“. На второ место е Bigbug, кој а критичарот му предизвикал краток спој, комбинација од врева и брборење.

Третото место е за филмот Bubble, а на четврто е Spiderhead за кој вели дека погрешно го прикажува Крис Хемсворт како луд научник. На последно место на неговата листа е 355, кој и „покрај актерската постава од соништата на врвните женски таленти“, Пенелопе Круз, Џесика Честејн и Лупита Нјонго, е неуспешен. Дебруж за тоа го обвини режисерот Сајмон Кинберг, за кој вели дека го уништил и последниот X-Men филм.

„Човек не може да кореографира акција, а резултатот да е смешно лажен, како да гледате деца како извикуваат ‘пиу пиу’ додека со пантомима пукаат еден кон друг“, вели критичарот.

Scroll to Top