Двете џиновски панди Ли Ли и Ја Ја, кои Зоолошката градина во Мемфис во САД, ги позајми од Кина пред 20 години ќе им бидат вратени.
Одлуката на раководството во Зоолошката следела по повеќемесечни критики од друштва за заштита на животни, кои обвинија дека здравјето на пандите е влошено поради лошите услови во кои биле чувани.
Критичарите побараа од Зоолошката да им обезбеди подобра храна, повеќе време да бидат надвор од кафезите и да се обезбеди трансфер во засолниште за панди.
Здружението In difens enimals уште во февруари објави видео на „Твитер“ на кое се гледа како пандите се движат во круг, околу својот заграден простор. Тоа велат е доказ дека трпеле емоционална и ментална болка. Видеото за кратко време добило илјадници прегледи, а го сподели и американската пејачка Били Ајлиш.